12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Евролигата е вистинскиот избор, клубовите имаат право на избор

АБА: Евролигата е вистинскиот избор, клубовите имаат право на избор

aba novo logo

Управата на регионалната кошаркарска АБА лига, по анализата на состојбите во европската кошарка, излезе со став дека е добра одлуката лигата да се приклони кон натпреварувањата кои ги организира УЛЕБ, Евролигата и Европкупот.

„Императив на АБА лигата отсекогаш била клубовите да можат да се пласираат во најсилните европски натпреварувања. Водени од овие мотиви и од интересите за понатамошен развој на кошарката во регионот, АВА го потпиша договорот“, се наведува во соопштението на лигата.

ФИБА Европа во петокот суспендираше 14 репрезентации, меѓу кои и Македонија, од Европското првенство во 2017 година, а исто така постои можност во целиот случај да се вмеша и ФИБА Свет, односно на сите национални сојузи чии клубови играат во Евролигата и Еврокупот, да им го забрани настапот на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„Одлуката на собранието на АБА не ја загрозува слободата на клубовите да учествуваат во други европски натпреварувања сé додека тие ги следат пропозициите на АБА. Како и претходно, клубовите и АБА ќе направат сé за да ги заштитат своите интереси, односно да создадат идеални услови за развој на сите кошаркарски субјекти во регионот. имајќи ги предвид и интерсите на репрезентации“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП