6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА не ги признава 10-годишните договори на клубовите со Евролигата

ФИБА не ги признава 10-годишните договори на клубовите со Евролигата

uleb 333

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) не ги признава десетгодишните договори кои 11-те клубови ги потпишале со Евролигата на УЛЕБ, пренесува Газета дело Спорт.

ФИБА наведува дека на овие клубови ќе им ги признаат тригодишните договори кои истекуваат во 2017-та година, а потоа ќе се обиде да ги привлече најдобрите европски тимови да играат во нејзината Лига на шампиони.

Проблемот со оваа одлука на ФИБА е тоа што тимовите кои ги потпишаа десетгодишните договори со Евролигата, во случај да сакаат да го напуштат натпреварувањето се обврзани да плаќаат пенали.

ЦСКА, Ефес, Армани, Барселона, Фенербахче, Лаборал, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал и Жалгирис се екипите кои 10 години ќе имаат загарантирано учество во Евролигата.

ФИБА Европа, во саботата, суспендираше 14 национални сојузи, меѓу кои и Македонија, бидејќи клубовите го поддржале второто натпреварување на УЛЕБ, Еврокупот, наместо Лигата на шампиони која ќе ја организира ФИБА.

Одлуката на ФИБА ја поддржа претседателот на Европскиот олимписки комитет (ЕОК), Патрик Хик.

„Долго време укажував, на опасноста дека профитабилните организации сакаат да го киднапираат спортот. Доколку сега не ги ’убиеме’ сѐ ќе излезе од контрола. ФИБА е во право и ќе сториме сѐ за да ја поддржиме“, рекол Хик.

Според него, доколку работите продолжат да се одвиваат на ваков начин, тогаш во иднина би можело да се случи приватните компании да ја преземат и организацијата на Олимписките игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП