12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАпсења во Турција поврзани со „аферата Фенербахче“

Апсења во Турција поврзани со „аферата Фенербахче“

fener-fe

Турските власти, во вторникот, привеле 38 лица кои се сомничат дека ги „наместиле“ фудбалерите и функционерите на фудбалскиот клуб Фенербахче, во корупциската афера која го стресе турскиот фудбал во 2011 година. Овој потег, наводно, е обид на властите да се „скршат“ приврзаниците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во егзил во САД.

Државната агенција Anadolu објави дека полицијата имала налози за апсење на 64 лица, кои се осомничени за наводна завера против функционери на Фенербахче. Истиот извор наведува дека по спроведенените акции во Истанбул и уште 27 други градови полицијата задржала најмаку 38 лица.

Меѓу осумничените се некогашни полициски шефови, адвокати и најмалку еден новинар. Уапсените се соочуваат со обвинение за формирање на „терористичка организација“ и за незаконско прислушување.

Неколкумина функционери на Фенербахче, меѓу кои и претседателот на клубот Азиз Јилдирим, беа уапсени во 2011 година, а пoтоа им беше судено за местење натпревари. На повтореното судење, минатата година, сите беа ослободени.

Фенербахче во текот на процесот тврдеше дека целиот случај е наместен од полицијата и обвинителството кои биле поврзани во движењето на Ѓулен, односно дека тоа бил обид да се преземе контрола врз водечките турски клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП