4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche со посилен раст на приходите од очекуваните

Roche со посилен раст на приходите од очекуваните

roche 333

Фармацевтската компанија „Roche“ соопшти дека забележала раст на приходите за првиот квартал по силната продажба на лекови за лекување на рак и за имунологија, објави „MarketWatch“.

Компанијата со седиште во Базел, Швајцарија, изјави дека продажбата за трите месеци, која заврши на 31-ви март, се зголеми за 5% до 12,41 милијарди швајцарски франци (12,88 милијарди долари) од 11,83 милијарди франци во минатата година, со што ги надминаа оценките на аналитичарите за 12,28 милијарди франци. При постојани девизни курсеви продажбата предвиде раст од 4%.

Компанијата вели дека приходите од продажба на фармацевтски производи се зголемија до 9,8 милијарди франци од 9,32 милијарди франци, година порано. Приходите од единицата за дијагностика се зголемиле до 2,61 милијарди франци од 2,51 милијарди франци. „Roche“ не го објави профитот во тримесечните извештаи.

Компанијата изјави дека растот на фармацевтскиот оддел се должи на продажбата на различни лекови според региони. Растот на одделот за дијагностика пак се должи главно на азиско-пацифичкиот регион и Латинска Америка, каде продажбата се зголемила за 16% и 21%.

Компанијата ги потврди прогнозите за 2016-та година, велејќи дека очекуваат продажбата да се зголеми со помеѓу 1% и 3% кај постојаните девизни курсеви, а главната добивка по акција да порасне побрзо за продажба. „Roche“, потврди дека се очекува дополнително зголемување на дивидендата во швајцарски франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП