2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилд: Барселона во преговори за Хумелс

Билд: Барселона во преговори за Хумелс

matshummelsdenBarca1

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, во летниот преоден рок би можел да ја засили Барселона, пренесува Билд.

Тиражниот весник, кој ретко греши околу трансферите, наведува дека Барселона веќе започнала сериозни преговори околу трансферот на капитенот на Борусија.

Договорот на Хумелс со Борусија истекува во јуни 2017 година и летниот преоден рок е последна шанса „милионерите“ да заработат сериозни пари од неговиот трансфер.

Директорот на Барселона, Ариједо Брајда, неколку пати оваа сезона ги следел настапите на Хумелс и токму тој дал дозвола клубот да ги започне преговорите околу трансферот, кој се одчекува да изнесува околу 40 милиони евра.

Покрај Барселона, интерес за Хумелс, покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП