17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: ЦСКА се пласира на завршниот турнир

Евролига: ЦСКА се пласира на завршниот турнир

cscs

Кошаркарите на ЦСКА Москва први изборија пласман на завршиниот турнир во Евролигата, откако со максимални 3-0 ја добија четвртфиналната серија со Црвена ѕвезда. По двете тесни победи во Москва, ЦСКА третиот натпревар цо преполната Арена во Белград го доби со 78:71.

Црвена ѕвезда уште еднаш му пружи силен отпор на фаворизираниот московски тим, но лошиот шут за три поени го однесе тимот во пораз. ЦСКА клучната предност ја стигна во третиот период, благодарение на шестте тројки стекна предност од 12 поени.

Во последната четвртина домаќинот на нешто повеќе од четири минути до крајот се доблиќи на поен негатива 66:67, но и остана без енергија за целосен пресврт.

Милер со 15, односно Штимац со 12 поени ја предводеа Црвена ѕвезда, додека Де Коло беше најефикасен кај „армејците“ со 20 поени.

ЦСКА 13-ти пат во последните 14 сезони ќе игра на завршниот турнир, а во полуфиналето ќе се сретне со победникот од серијата помеѓу Барселона и Локомотив Кубан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП