4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛауреус: Ѓоковиќ и Серена најдобри светски спортисти

Лауреус: Ѓоковиќ и Серена најдобри светски спортисти

lau-gjoko

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои престижната награда Лауреус за најдобар светски спортист во 2015 година. На церемонијата која се одржа во Берлин, Ѓоковиќ, трет пат во кариерата ја освои оваа награда, претходно тоа се случи во 2011 и 2014 година. За најдобра спортистка е прогласена Серена Вилијамс, која исто така трет пат ја добива Лауреус наградата.

Конкуренти за Лауреус наградата на српскиот тенисер му беа најдобриот светски фудбалер Лео Меси, шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон, најбрзиот човек на светот и трикратен освојувач на оваа награда Јусеин Болт, МВП-то во НБА лигата Стеф Кари и најдобриот светски играч на голф Џордан Спит.

Ѓоковиќ во Берлин се израмни со Болт според бројот на освоените Лауреус награди, а пред нив, со една награда повеќе е Роџер Федерер.

Српскиот тенисер минатата година имаше една од најуспешните сезони во историјата на тенисот, успеа да освои 11 титули, од кои три на Грен слем турнирите и шест на турнирите од Мастерс серијата.

Во женска конкуренција наградата и припадна на најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, која најдобра беше во 2003 и 2010 година. Серена во 2015 година освои три Грен слем титули.

Рагбистите на Нов Зеланд ја освоија наградата за тим на годината, додека голферот Џордан Сприт доби Лауреус за пробив на годината.

Култниот Формула 1 возач, Ники Лауда доби Лауреус за животно дело.

Наградата Лауреус се доделува од 2000 година, една е од најпрестижните во светот на спортот, а многумина ја споредуваат со филмските Оскари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП