6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса е во криза, Валенсија му го расипа јубилејот на Меси

Барса е во криза, Валенсија му го расипа јубилејот на Меси

mesito

Фудбалерите на Валенсија ја продлабочија кризата на Барселона, откако во последниот натпревар од 33.коло, на „Ноу Камп“ славеа со 2:1. Поразот од Валенсија е трет во низа за играчите на Луис Енрике во Примера, четврти вклучувајќи го и оној од Атлетико во Лигата на шампионите.

Барселона која до пред дваесет дена изгледаше недопирливо за ривалите, со последниот пораз ја доведува во прашање одбраната на титулата, бидејќи Каталонците на врвот имаат ист број на бодови со Атлетико и само бод повеќе од Реал.

Во серијата порази единствена позитивна работа за Барселона е што има подобар меѓусебен скор од мадридските тимови, во случај на крајот од сезоната да имаат ист број на бодови.

Мадридските тимови во ова коло забележаа рутински победи, Реал кај Хетафе славеше 5:1, а Атлетико со 3:0 ја победи Гранада.

Валенсија, која пред нешто повеќе од еден месец на „Ноу Камп“, во купот загуби со 7:0, на овој натпревар „покажа заби“ и успеа да ги одбие нападите на фаворитот.

Најава за она што и ќе и се случи на Барса беа чистите шанси кои во првите десетина минути ги промашија Меси, Нејмар и Суарез.

Кога Валенсија успеа да дојде до здив, започна опасно да се заканува од контранапади.

Една таква долга акција во 27.минута, резултираше со гол. Андре Гомеш го исфрли по левата страна Сикеира кој нафрли, а во обид неговиот центаршут да го блокира Ракитиќ го исрати во сопствената мрежа.

Целосен шок „Камп Ноу“ доживеа во првата минута од судиското надополнување на времето, играчите на Валенсија долго ја држеа топката, убаво комбинираа, Дани Парехо го проигра Санти Мина кој лесно го совлада Браво.

Барселона притисна во второто полувреме, но постигна само еден гол. Меси по проигрувањето на Алба го совлада голманот на Валенсија. Аргентинецот го постигна 500-от гол во кариерата, 450-ти во дресот на Барселона. Сепак, Меси овој јубилеј нема да го памети по добро.

До крајот на мечот Диего Алвеш на чудесен начин го одбрани ударот на Ракитиќ, а Пике од чиста позиција шутираше крај голот. Свои шанси во вториот дел имаше и Валенсија, но резултатот остана непроменет.

Шпанската Примера продолжува в среда, со натпреварите од 34.коло, Барселона ќе гостува во Ла Коруња, Реал ќе го пречека Виљареал, а Атлетико во дербито му гостува на Атлетик Билбао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП