1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристал Палас му ги расипа плановите на Арсенал

Кристал Палас му ги расипа плановите на Арсенал

kristalos

Арсенал и Кристал Палас осовија по еден бод во меѓусебниот дуел, кој беше претпоследен во 34.коло, во Премиерлигата.

Арсенал со овој нерешен резултат си ја закомпликува ситуацијата околу пласманот во Лигата на шампионите. Екипата на Арсен Венгер се наоѓа на четвртото место со 60 бодови, колку што има и третопласираниот Манчестер Сити, додека вториот тим од Манчестер, Јунајтед е на петтото место со четири бодови помалку од овие два ривали.

Арсенал стигна до предност во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, со голот на Алексис Санчез. Чилеанецот со глава го совлада Хенеси, по асистенцијата на Велбек.

„Тобџиите“ водството го имаа се до десет минуит пред крајот кога Боласи ги шокира навивачите на Арсенал.

34-то коло во Премиерлигата ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Стоук-Тотенхем. Доколку Тотенхем победи ќе ја намали предноста на Лестер на пет бода. Лестер во ова коло одигра 2:2 со Вест Хем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП