18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Без победник во дербито Вардар-Шкендија

ПМФЛ: Без победник во дербито Вардар-Шкендија

prva liga

Без победник 1:1 заврши дербито на 27.коло во ПМФЛ, помеѓу Вардар и Шкендија. По ова коло Вардар остана на врвот со два бода повеќе од Шкендија.

Дербито на „Филип Втори“, резултатски беше решено во четири минути. Најпрвин Фелипе во 34.минута му донесе предност на Вардар, а резултатот го израмни Алими во 38.минута.

Израмнувачкиот гол на Шкендија предизвика мал инцидент на Јужната трибина, раководството на гостите го прославуваше голот на Алими, што предизвика реакции кај домашните навивачи.

Потоа реагираше полицијата, која го испразни тој дел од трибината, а подоцна од Шкендија се огласија со соопштение дека некои членови на раководството се здобиле со повреди.

На останатите натпревари домашните тимови забележаа три победи, а само Шкупи освои три бода на гостински терен.

ПМФЛ, 27.коло:

Турново-Силекс 2:1

Вардар-Шкендија 1:1

Ренова-Металург 4:1

Младост ЦД-Шкупи 0:1

Брегалница-Работнички 2:1

Табела: 1. Вардар 65, 2. Шкендија 63, 3. Силекс 40, 4. Шкупи 38, 5. Работнички 36, 6. Брегалница 33, 7. Ренова 31, 8. Турново 30, 9. Младост 16, Металург 16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП