12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал се врати на тронот во Монте Карло

Надал се врати на тронот во Монте Карло

nadalos

Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерс турнирот во Монте Карло. Шпанецот во своето јубилејно 100-то финале, ја освои 68-та титула, откако во три сета и речиси три часа игра го победи Гаел Монфис 7:5, 5:7, 6:0.

Титулата во Монте Карло е деветта за Надал, а воедно прва по август 2015 година кога славеше во Мајорка. Надал, во Монте Карло, ја освои 28-та Мстарс титулата во кариерата со што се израмни на првото место на вечната листа со Новак Ѓоковиќ.

Инаку Шпанецот две години немаше успех на турнирите од серијата 1.000, последната ја освои во Мадрид во 2014 година.

Дуелот помеѓу Надал и Монфис мина во востински фестивал на брејкови и голема борба во првите два сета. Во третиот сет Монфис физички неможеше да се носи со Шпанецот, кој на патот до финалето ги елиминира Тим, Вавринка и Мари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП