3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛестер спаси бод во 95.минута

Лестер спаси бод во 95.минута

lesteros

Фудбалерите на Лестер не успеаја да победат во Премиерлигата седми пат во низа, но освоија значаен бод во борбата за шампионската титула. „Лисиците“, во 34.коло, на домашен терен против Вест Хем стигнаа до 2:2 со голот на Леонардо Улоа во 95.минута.

Натпреварот на „Кинг Пауер“, покрај неверојатниот финиш (во последните 10 минути беа постигнати три гола), го обележа и судијата Џонатан Мос, околу чии три одлуки ќе се дискутира наредните денови.

Впечаток е дека Мос престрого му го покажа вториот жолт картон на Варди, и дека премногу лесно ги досуди пеналите за Вест Хем и Лестер.

Лестер постигна гол во 18.минута, кога Варди асистенцијата на Канте ја претвори во водство.

Истиот играч во 56.минута го доби вториот жолт картон, судијата Мос процени дека одглумил за да изнуди пенал.

Вест Хем силно притисна во последните 30 минути, кога Мос досуди пенал за „чеканите“. На пеналот му претходеше борба за позиција на Морган и Рид. Керол сигурно реализираше за 1:1.

Две минути подоцна Кресвл со брилијантен удар го совлада Шмајхел и направи целосен пресврт.

„Лисиците“ до бод стигнаа во последните секунди, Мос пресуди дека Керол го фаулирал Шлоп, покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Улоа.

Лестер со натпревар повеќе има осум бодови повеќе од Тотенхем, тимот на Раниери има 73 бода, а Тотенхем кој во понеделник ќе гостува во Стоук има 65.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП