6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Сојузите да ги заштитат клубовите од ФИБА

Евролига: Сојузите да ги заштитат клубовите од ФИБА

fiba-miba

Санкциите кои ФИБА им ги изрече на националните сојузи, чии клубови решија да играат во натпреварувањата кои ги организира УЛЕБ, се во најмала рака чудни, соопштија од Евролигата. Владејачкото тело на светската кошарка, во саботата, од Европското првенство во 2017 година суспендира 14 држави меѓу кои е и Македонија.

„Изненадени сме од одлуката на ФИБА да ги санкционира националните сојузи, поради неуспешниот обид да покрене свој проект. Чудно е да се суспендираат државите бидејќи националните сојузи не успеале да ги натераат клубовите да пристапат кон проектот на ФИБА. Се надеваме дека Сојузите нема да молчат и дека ќе ги заштитат своите клубови. Тоа е нивна обврска“, изјавиле од Евролигата за агенцијата ТАС.

ФИБА, претходно објави дека на клубовите кои доаѓаат од земјите кои се нејзини членки, ќе им дозволи да се натпреваруваат во Евролигата на УЛЕБ, но не и во Еврокупот. ФИБА од наредната сезона планира да покрене своја Лига на шампиони, која ќе биде своевиден пандан на Евролигата на УЛЕБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП