17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилд: Мурињо потпишал со Манчестер Јунајтед

Билд: Мурињо потпишал со Манчестер Јунајтед

mu

Португалецот Жозе Мурињо потпишал тригодишен договор со Манчестер Јунајтед тврди германски Билд.

Германскиот весник, кој во минатото имаше ексклузивни информации за трансферите на Пеп Гвардиола и Роберт Левандовски во Баерн, објави текст со наслов „Мурињо е новиот шеф на Шванштајгер“, со оглед на тоа дека капитенот на светските шампиони го носи дресот на Јунајтед.

Исто така, во текстот се наведува дека прв пик во преодниот рок на Мурињо ќе биде Златан Ибрахимовиќ и дека се големи шансите Швеѓанецот да пристигне на „Олд Трафорд“.

Од друга страна, англиските медиуми во неделата, објавија дека Мурињо ќе се обиде да го донесе во Јунајтед напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин, за сума од 70 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП