18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГН Кина: Розберг ќе стартува прв, Хамилтон последен

ГН Кина: Розберг ќе стартува прв, Хамилтон последен

niko 333

Возачот на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Кина, која в недела ќе се вози на патеката во Шангај.

Победникот на првите две трки во новата сезона, до 23-та пол позиција во кариерата, дојде со најбрзиот круг на патеката 1:35.402 минути.

За разлика од Розберг, неговиот клупски колега и актуелен светски првак, Луис Хамилтон ќе стартува од последната позиција. Британецот кој го смени менувачот не можеше да го покрене својот болид.

Покрај Розберг трката во Кина од првиот стартен ред ќе ја започне пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо, а вториот ред го запоседнаа возачите на Ферари Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Трката за Големата награда на Кина ќе стартува во осум часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП