6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКК Работнички бара намалување на бројот на странци во лигата

КК Работнички бара намалување на бројот на странци во лигата

работнички7777

Најтрофејниот клуб во македонската кошарка, Работнички, бара од Федерацијата да го разгледа предолго за намалување на бројот на странски играчи во тимовите. Работнички бара секој клуб да може да ангажира максимум тројца странски играчи, односно да биде преполовена бројката на странци во клубовите.

„Ова од причина што истите го одземаат и она мало влијание на Здружението на прволигаши во однос на текот и организацијата на натпреварувањата, но исто така не се согласуваме со сегашната состојба во која право на настап во домашната лига имаат дури шест странски играчи во секој тим. За таа цел КК Работнички предлага, надлежностите и форматот на Здружението на прволигаши да остане во досегашните рамки, а бројот на регистрирани странски играчи да се намали на тројца во секој тим, се со цел домашните играчи да добијат поголем можност за докажување во првата македонска лига – мажи“, стои во соопштението на клубот.

Покрај измени во делот со странски играчи, од Работнички не се согласуваат и со предложените промени во Статутот и Регистрациониот правилник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП