Фед куп репрезентацијата на Македонија, избори пласман во плејофот на турнирот во Евро-африканската зона, кој се одржува во Улцињ, Црна Гора.
Македонските репрезентативки натпреварите во групата ги завршија со максимални три победи (Ерменија, Ирска, Исланд).
Во третото коло Македонија со 3-0 славеше над Исланд. Првиот поен за Македонија го освои Елена Јанкуловска која ја победи Ана Софија Гронхолм (6:0, 6:1), потоа Нора Христовска ја победи во два сета (6:0, 6:2) Хера Бринјарсдотир, а третиот поен го освои дубл комбинацијата Јанкуловска/Христовска против исландската двојка Гронхолм/ Бринјарсдотир (6:1, 6:3).
Македонската Фед куп репрезентација во плејофот ќе игра против Норвешка.