26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар против Букурешт ќе брка финале во ЛШ

ЖРК Вардар против Букурешт ќе брка финале во ЛШ

zrk-vardarrrrr

Ракометарките на Вардар го добија ЦСМ Букурешт за противник во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионките кој и оваа година ќе се одржи во „Ласло Пап арена“ во Будимпешта.

Втората полуфинална двојка ја формираа актуелните шампионки на Европа, ракометарките на Будуќност и Ѓер.

Вардарки кои во претходните две сезони го освојуваа третото место на завршниот турнир, за противник го добија тимот против кого оваа сезона забележаа две победи во Група 2 (22:21, 30:25).

Букурешт во четвртфиналето направи вистинска сензација елиминирајќи го тимот на Ростов Дон (26:25, 29:28).

Завршниот турнир во Лигата на шампинките ќе се игра на 7. и 8.мај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП