19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛидери во НБА: Кари, Драмонд, Рондо, Вајтсајд

Лидери во НБА: Кари, Драмонд, Рондо, Вајтсајд

kar nba

Категории во НБА лигата, по завршувањето на регуларниот дел на сезоната. Кари е прв стрелец, Драмонд најдобар скокач, Вајтсајд најдобар блокер, а Рондо прв асистент.

Кари ја обележа оваа сезона во НБА лигата, со просечни 30,1 поени по натпревар тој го предводеше Голден Стејт до првото место во лигата со скор 73 победи и девет порази што е нов рекорд во лигата.

Зад Кари, следуваат Џејмс Харден (29 поени), Кевин Дурант (28,2), Леброн Џејмс (25,3), па Демијан Лилард, Расел Вестбрук, Демар Дерозан, Пол Џорџ…

Центарот на Андре Драмонд со 14,8 скокови по натпревар е предводник во оваа статистичка категорија. Зад играчот на Детроит следуваат Диандре Џордан (13,8), Хасан Вајтсајд (11,8), Пау Гасол (11), односно Карл-Ентони Таунс (10,5) и Џулиус Рендл (10,2).

Најдобар асистент во лигата е плејмејкерот на Сакраменто Режон Рондо, со просечни 11,7 успешни додавања по натпревар. Двоцифрен број на асистенции во просек оствариле уште Расел Вестбрук (10,4), Џон Вол (10,2) и Крис Пол (10).

Најдобар блокер во лигата е центарот на Мајами Хасан Вајтсајд со просечни 3,7 блокади по натпревар, а четворица играчи го делат првото место во категоријата „украдени топки“: Кајл Лаури, Крис Пол, Стеф Кари и Рики Рубио.

Плејофот во НБА лигата ќе започне в сабота со натпреварите Торонто-Индијана, Голден Стејт-Хјустон, Атланта-Бостон и Оклахома-Далас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП