2 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДраган Раца нов селектор на кошаркарите

Драган Раца нов селектор на кошаркарите

драган-раца

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го назначи 55-годишниот српски тренер Драган Раца за нов селектор на кошаркарската репрезентација. Раца потпишал двегодишен договор до 2018 година, но втората година е условена со пласман на националниот тим на Евробаскетот во 2017 година.

Раца ќе ги води „црвено жолтите“ во квалификациите за Европскиот шампион во 2017 против селекциите на Луксембург, Унгарија и Велика Британија.

Раца својата тренерска кариера ја започнал во 2002 година на клупата на АЕЛ Лимасол од Кипар, потоа водел и екипи во првенствата на Либан и на Кина. Неговиот последен ангажман е во кинескиот Чунгкинг флај драгонс, претходно бил тренер и на Ираклис, Олимпиас Патра, Апоел, Сагаза (Либан) и кинески Гуангжоу.

Српскиот тренер, инаку, досега бил и селектор на репрезентациите на Либан (2007-2009) и Кипар (2004-2005).

На стартот на тренерската кариера во 2002 година Раца е прогласен од страна на ФИБА за најдобар тренер почетник во Европа, а три години подоцна во 2005 година го добива и признанието најдобар тренер во клупските натпреварувања под капата на ФИБА. Во 2007 година како селектор ја водел селекцијата на Либан до сребрениот медал на Првенството на Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар