6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДобра група за ракометарите за пласман на ЕП 2018

Добра група за ракометарите за пласман на ЕП 2018

erakomet 90

Најдобрите македонски ракометари ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се натпреваруваат во квалификациите за пласман на Европското првенство, чиj домаќин во 2018-та година ќе биде Хрватска.

Ждрепката која денеска се одржа во Дубровник ја смести Македонија во Група 4, заедно со Исланд, Чешка и Украина.

Квалификацискиот циклус ќе започне во октомври, се игра по принцип секој со секого (дома-гости), а пласман на Европското првенство ќе изборат првите две селекции на конечната табела.

erakomet 92

Ракометни квалификации за ЕП 2018:

Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Латвија

Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија

Група 3: Шпанија Австрија, Босна и Херцеговина, Финска

Група 4: Исланд, Македонија, Чешка, Украина

Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија

Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка

Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП