8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Познати двојките за плејофот

НБА: Познати двојките за плејофот

plejof 53

Кошаркарите на Хјустон последни изборија пласман во разигрувањето за титулата во НБА лигата. Хјустон славеше над Сакраменто (116:81) со што го освои осмото место во Западната конференција. Во првото коло, Хјустон ќе игра против бранителот на титулата Голден Стејт, што ќе биде реприза на минатосезонското финале во Западната конференција.

Последниот ден од регуларниот дел од сезоната, ќе биде запишан во НБА историјата: Коби Брајант го одигра својот проштален меч и во голем стил замина меѓу легендите. Брајант во триумфот на Лејкерси над Јута (101:96) постигна 60 поени.

Историја испиша тимот на Голден Стејт поставувајќи нов рекорд во лигата, откако сезоната ја заврши со 73 победи и девет порази.

Неизвесна битка се водеше на Истокот за распределба на стартните позиции пред плејофот. Четири тима завршија со скор 48 победи и 34 порази Мајами, Атланта, Бостон и Шарлот.

Плејоф двојки во НБА лигата:

Источна конференција:

(1) Кливленд (57-25) – (8) Детроит (44-38)

(2) Торонто (56-26 – (7) Индијана (45-37)

(3) Мајами (48-34) -(6) Шарлот (48-34)

(4) Атланта (48-34) – (5) Бостон (48-34)

Западна конфереција:

(1) Голден Стејт (73-9) -(8) Хјустон (41-41)

(2) Сан Антонио (67-15) – (7) Мемфис (42-40)

(3) Оклахома (55-27) – (6) Далас (42-40)

(4) ЛА Клиперс (53-29) – (5) Портланд (44-38).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП