17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗамина меѓу легендите: Коби се прости од НБА со 60 поени (видео)

Замина меѓу легендите: Коби се прости од НБА со 60 поени (видео)

kobi last game

Коби Брајант ја заврши кариерата на начин на кој му доликува на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, во совјот последен меч во кариерата постигна 60 поени, а во финишот на мечот со Јута, токму тој им ја обезбеди победата на „езерџиите“ (101:96).

Тековната сезона, за која во ноември минатата година најави дека е последна во неговата кариера, беше веројатно најлоша во кариерата на Брајант, но во последниот меч тој потсети на своите најдобри денови.

Коби ја декласира Јута, постигнувајќи 60 поени (22-50 од поле, 10-12 слободни), на кои придодаде по четири скока и асистенции.

„Црната Мамба“, кој со Лејекрси освои пет шампионски титули, во завршницата потсети зошто е најдобриот по Мајкл Џордан. При резултат 98:86 за Јута тој го започна своето шоу – најпрвин погоди две слободни, потоа поентираше на влез, па пентираше од тешка позиција. Кога постигна тројка Лејкерси се доближија на поен негатива, по тајм аутот на Јута, Брајант погоди од полудистанца, а потоа од линијата за слободни ја завери победата на Лејкерси и замина во легендите.

„Како дете бев голем навивач на Лејкерси, знаев се за секој играч кој играл за овој тим. Многу сум горд на годините кога не се откажувавме од ништо, бидејќи никогаш не се предававме. Од длабочината на мојата душа ви благодарам“, рече меѓу другото Коби во своето обраќање по завршувањето на мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП