12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС Вориорс испишаа историја, 73-9 во регуларниот дел од сезоната

ГС Вориорс испишаа историја, 73-9 во регуларниот дел од сезоната

rekord gs 00

Кошаркарите на Голден Стејт влегоа во историјата на НБА лигата, како тим кој сезоната ја завршил со рекордни 73 победи и само девет порази. Со триумфот над Мемфис (125:104), актуелните шампиони го срушија рекордот на шампионскиот тим на Чикаго со Мајкл Џордан, кој сезоната 1995/1996 ја заврши со 72 победи и 10 порази.

Натпреварот во „Оракл Арена“ во целост им припадна на домашните кошаркари кои победата ја најавија уште во првата четвртина кога Стеф Кари постигна три тројки во низа и го однесе својот тим на +14.

Најдобриот играч во лигата, првата четвртина ја заврши со 20 поени (шест тројки). Тој на почетокот на последната четвртина ја постигна својата деветта тројка, се чинеше дека ќе го нападне рекордот од 12 тројки на еден натпревар, чии сопственици се тој, Коби Брајант и Донијел Маршал), но тренерот Стив Кер реши да го повлече од игра и да го одмори од напорната сезона.

Кари натпреварот го заврши со 45 поени (5-5 за два, 10-19 за три), четир скока и шест асистенции. Исто така бекот на Голден Стејт на овој меч ја мина границата од 400 постигнати тројки во една сезона.

Покрај Кари одличен натпревар одиграа и останатите носители на играта на тимот од Оукленд: Клеј Томпсон (16 поени), Харисон Барнс (15 поени), Дрејмон Грин (11 поени, 9 скока, 7 асистенции).

Сите порази на Голден Стејт, сезона 2015/2016:

12.декември 2015: Милвоки 108:95

30.декември 2015: Далас 114:91

13.јануари 2016: Денвер 112:110

16.јануари 2016: Детроит 113:95

19.февруари 2016: Портланд 137:105

6.март 2016: ЛА Лејкерс 112:95

19.март 2016: Сан Антонио 87:79

1.април 2016: Бостон 106:99

5.април 2016: Минесота 124:117.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП