11 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмерикан експрес отпушта 5.400 луѓе

Американ експрес отпушта 5.400 луѓе

Federal Government Grants American Express Bank Holding Status

Американската компанија, Американ Експрес (American Express) во бизнис мрежата ширум светот, до крајот на 2013 година ќе отпушти 5.400 работници, од вкупно 63.500 вработени.

Како што пренесува американската ТВ мрежа CBS, во четвртиот квартал во 2012 година, по одданочувањето, компанијата за кредитни картички има трошоци повеќе од 600 милиони долари, со што влијае со пад на профитот на компанијата од 1,2 милијарди на 637 милиони долари.

Најголем број работни места ќе се укинат во патничкиот промет, кои се менуваат од темел поради дигиталната револуција.

Во компанијата велат дека морале да прилагодаат одделни деловни сегменти, бидејќи се повеќе плаќања, клиентите ги вршат преку интернет или преку мобилните телефони.

Според Американ Експрес, укинувањето на работните места ќе биде пропорционално распределено помеѓу САД и пазарите во кои што работи компанијата во светот.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП