17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Енрике: Не бевме доволно луцидни

Луис Енрике: Не бевме доволно луцидни

лу8

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Луис Енрике, по елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите, рекол дека „без луцидна игра не моќат да се создадат шанси“.

Екипата на Атлетико целосно јаги неутрализираше играта на Барселона и со головите на Гризман победи 2:0.

„Очекувавме ваков натпревар, единствено јас не очекував дека Атлетико ќе игра толку длабоко. Во секој случај ова не беше нашиот најдобар ден, не бевме луцидни, се мачевме да создадеме шанса“, рекол Енрике.

Инаку, Луис Енрике го забележа првиот пораз од Диего Симеоне, а Атлетико ја прекина серијата од шест порази во дуелите со Барселона.

„Навистина сакаве да одиме во полуфиналето, сакавме да го одбраниме трофејот, сега можам само да му честитам на Атлетико. Првото полувреме беше мирно бидејчи тие чекаа наша грешка за да постигнат гол. Евидентно е дека во последните десет дена не сме на максималното ниво, не сме ниту блиску до нивото на кое бевме во текот на сезоната. Но тоа е фудбалот, сега мора да најдеме начин да се издигнеме“, заклучил Енрике.

Екипата на Барселона, на последните пет средби, три во првенството и две во ЛШ, има забележано само една победа, а на последните две средби со Реал Сосиедад и оваа со Атлетико не успеа да постигне гол.

Тимот на Енрике на шест кола до крајот на првенството во Шпанија има три бода повеќе од Атлетико, а четири од Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП