9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед последен полуфиналист во ФА купот

Јунајтед последен полуфиналист во ФА купот

јун3

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед последни изборија место во полуфиналето, во ФА купот, откако во повторениот меч славеа над Вест Хем со 2:1. Првиот меч кој се одигра пред еден месец во Манчестер заврши без победник 1:1.

На „Болејн Граунд“, стрелци за Јунајтед беа Рашфорд во 54-та и Фелаини во 67-та минута. Единствениот гол за домаќинот го постигна Томкинс на 11 минути до крајот на мечот.

Мечот во Лондон го обележа и враќањето на Руни во тимот на Јунајтед, тој два месеци отсуствуваше поради повреда на коленото.

Јунајтед во полуфиналето на 23.април ќе игра против Евертон, додека ден подоцна ќе се сретнат Вотфорд и Кристал Палас. Полуфинелните натпревари ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП