22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман и Атлетико ја детронизираа Барселона

Гризман и Атлетико ја детронизираа Барселона

атле

Ниту оваа сезона европскиот шампион во фудбал нема да ја одбрани титулата, бидејќи Атлетико Мадрид ја елиминира Барселона во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. Најдобрата европска четврорка за оваа сезона ја комплетираше минхенски Баерн, кој во четвртфиналниот двомеч беше подобар од Бенфика.

Атлетико на својот „Винсенте Калдерон“, успеа да ја надомести негативата од првиот меч во Барселона (1:2), да забележи триумф 2:0 и да го детронизира европскиот првак. Атлетико одигра тактички беспрекорен натпревар, во првото полувреме и дозволи на Барселона само еден удар кон голот на Облак, а во исто време постигна гол и имаше уште неколку опасни обиди кон голот на Барселона.

Антоан Гризман постигна гол со глава во 36-та минута, по брилијантната асистенција на Саул Нигез.

Овој играч ја ја имаше најголемата шанса за гол во второто полувреме, кога со глава го префрли Тер Штеген, но гредата го спречи Атлетико да го зголеми водството.

Барса од 57-та минута целосно ја презеде контролата врз играта, имаше посед на топка од 72 отсто, но нејзините играчи тешко успеваа да го пробијат двојниот бедем пред голот на Облак.

Аугусто Фернандез и Габи целосно го изолираа Меси поради што немаше течност во акциите на Барса. Луис Суарез ја имаше најголемата шанса во 66-та минута, успеа да се загради и да се ослободи од Годин но шутираше директно во Облак.

Опасна ситуација пред голот на Атлетико имаше неколку минути подоцна, Серхио Роберто проби по десната страна, нафрли во петерецот, а Габи во ибтервенираше пред Суарез.

Притисокот на Барселона остави многу простор пред Тер Штеген, во претпоследната минута Фелипе Луис сам тргна во контранапад кога се обиде да го проигра Гризман, Иниеста играше со рака. Пеналот во гол го претвори Гризман.

Минута подцна Барса доби шанса да избори продолженија, Габи играше со рака, според Рицоли на работ на шеснаесетникот иако играчите на Барселона бара пенал. Меси го изведе слободниот удар, но обидот завриши над голот.

Баерн во Лисабон одигра со Бенфика 2:2 и со вкпни 3:2 се пласира во полуфиналето. Раул Хименез, по катастрофалната грешка на Нојер го постигна првиот гол, потоа Видал и Милер направија целосен пресврт, а Талиска од слободен удар ги постави конечните 2:2.

Покрај Атлетико и Баерн во полуфиналето се пласираа и Реал, односно Манчестер Сити. Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени во петок, во седиштето на УЕФА во Нион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП