26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛокомотив поведе против Барселона, Лаборал против ПАО

Локомотив поведе против Барселона, Лаборал против ПАО

коикос

Локомотив Кубан и Лаборал Куча поведоа со 1-0 во четвртфиналните серии против Барселона, односно Панатинаикос, во кошаркарската Евролига.

Лаборал Куча рутински го доби првиот меч од серијата со Панатинаикос. Во Виторија, домаќинот славеше 84:68.

Лаборал до победата го предводеа Адамс со 20 и Бурусис со 15 поени, додека најефикасен на мечот беше центарот на ПАО Радуљица со 21 поен.

Локомотив ја победи Барселона со 66:61. Барселона играше добро во првиот дел, на полувреме стекна предност од шест поени, но домаќинот во второто полувреме предводен од Рендолф и Дилејни направи пресврт.

Рендолф постигна 17, а Дилејни 11 кошеви, додека кај Барселона по 13 уфрлија Домен и Рибас.

Вторите натпревари од овие серии ќе се одиграат в петок, а домаќини повторно ќе бидат Локомотив и Лаборач Куча.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП