19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА и Евролигата заедно до 2020 година

АБА и Евролигата заедно до 2020 година

aba novo logo

Регионалната кошаркарска АБА лига и Евролигата потпишаа четиригодишен договор, кој подразбира дека АБА лигата има загарантирано едно место во Евролигата и три места во Еврокупот.

Клубовите кои настапуваат во АБА лигата претходно постигнаа меѓусебен договор, останаа доследни на идејата да учествуваат во натпреварувањата кои ќе ги организира Евролигата, а не ФИБА.

Договорот подразбира дека шампионот во АБА лигата ќе учествува во Евролигата, а три екипи ќе одат во Еврокупот, но во иднина постои можност оваа бројка да биде проширена, со уште едно место во Евролигата и две во Еврокупот.

Наредната сезона, од АБА лигата, во Евролигата ќе игра Црвена ѕвезда, без оглед на епилогот од финалната серија со Мега Лекс, додека во Еврокупот ќе одат Цедевита, Будуќност и Партизан.

Инаку, Евролигата од наредната сезона ќе функционира како затворен систем со 16 екипи кои ќе се натпреваруваат по лига систем, односно секој тим ќе одигра по 30 натпревари.

По завршувањето на лигашкиот дел, најдобрите осум тимови ќе играат во четвртфиналето, а на завршниот турнир ќе одат екипите кои ќе изборат три победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП