24 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го договорил трансферот на Азар во Реал

Челзи го договорил трансферот на Азар во Реал

azar real 444

Челзи веќе го договорил трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид, објави Дејли Експрес. Според истиот извор, Белгиецот во Мадрид ќе се пресели за сума од 40 милиони евра.

Еден Азар не е ниту сенка од фудбалерот кој минатата сезона го предводеше Челзи до шампионската титула, поради што и беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата.

Азар точно една година не постигнал гол, што значително ја намали неговата цена на фудбалскиот пазар. Сепак, и покрај катастрофалните партии оваа сезона, ПСЖ и Реал не го криеја интересот за крилниот играч.

Битката за потписот на Азар ја добил Реал, најмногу поради тренерот Зинедин Зидан, кој инсистирал на неговиот трансфер, бидејќи, како што има изјавено „подобри фудбалери од Азар се само Роналдо и Меси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП