15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајами на чекор до третото место на Истокот

Мајами на чекор до третото место на Истокот

majami dragic

Кошаркарите на Мајами Хит се на чекор до освојување на третата позиција во Источната конференција во НБА, откако го совладаа Детроит 99:93. Мајами и Атланта имаат скор 48-33, но доколку Мајами слави во последниот меч против Бостон, поради подобриот меѓусебен скор со Атланта ќе го освои третото место.

Мајами во победата над Детроит го предводеа Џо Џонсон (25 поени, 5 асистенции) и Горан Драгиќ (16 поени, 5 асистенции) и Луол Денг (17 поени, 10 скокови).

Сан Антонио, во возбудлив натпревар, по едно продолжение ја совлада Оклахома 102:98. Спарси го израмнија НБА рекордот од 40 победи и само еден пораз на домашен терен.

Каваи Ленард со 26 и Тони Паркер со 20 поени беа најдобри во тимот кој го има вториот најдобар резултат во лигата оваа сезона 68-15. Оклахома на овој натпревар настапи без најдобрите тројца играчи (Дурент, Вестбрук, Ибака). Најефикасни во поразениот тим беа Кантер, Вејтерс, Пејн и Адамс со по 17 поени.

На другите натпревари Клиперси убедливо славеа над десеткуваниот Мемфис 110:84, Торонто, кој е втор на Истокот, ја совлада Филаделфија 122:98, а Индијана го порази Њујорк 102:98.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП