21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДимовски: Не сум го убедувал Пандев да не игра за Македонија

Димовски: Не сум го убедувал Пандев да не игра за Македонија

димовски

Серафим Димовски, на седницата која Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја одржа во вторникот, беше разрешен по барање на претседателот на Федерацијата, демантира дека го убедувал Горан Пандев да не игра за Македонија.

Димовски, во изјава за спортскиот портал „ekipa.mk“, рекол дека уште на 1.февруари поднел оставка на функцијата, дека не го убедувал Пандев да не игра за Македонија и дека разврската на овој случај ќе ја бара на суд.

„Морално и одговорно тврдам дека не сум го убедувал Горан Пандев да не игра за репрезентацијата на Македонија. За ова ќе се борам на суд и ќе барам судска разврска, за да го обелам мојот образ. Јас поднесов оставка на 1 февруари, заверена на нотар, дека си заминувам од Управниот одбор на ФФМ, тоа може да се провери, затоа што не се согласувам со политиките на федерацијата. Мирсад Јонуз го сретнав случајно на стадион во Џенова, а тој беше со неговата сопруга. Сето ова што е изнесено од ФФМ се само невистини, а како се работи таму знаат сите“, изјавил за „ekipa.mk“, Серафим Димовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП