19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Сити први полуфиналсти во ЛШ

Реал и Сити први полуфиналсти во ЛШ

реалтос

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите. Реал во реваншот ја надомести негативата од два гола против Волфсбург и со головите на Роналдо победи 3:0, додека Сити славеше над ПСЖ, со голот на Де Брујне.

Реал силовито тргна во реваншот и до 17-та минута успеа да го анулира резултатот од првиот меч. Кристијано Роналдо во помалку од 120 секунди постигна два гола. Реал доминираше и во останатиот дел од мечот, Рамос ја погоди стативата во второто полувреме, а мечот да не оди во продолженија се погрижи Роналдо кој во 78-та минута го комплетираше „хет трикот“.

Португлецот оваа сезона веќе има постигнато 16 голови на десет натпревари во Лигата на шампионите.

Многу помалку возбудувања имаше во Манчестер, каде Сити избори прво полуфинале во ЛШ, во клупската историја.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Де Брујне во 76-та минута. Инаку победникот можеше да биде решен и порано, но Агуеро во 29-та минута не реализира пенал.

Во среда ќе бидат познати и преостанетите две екипи кои ќе играат во полуфиналето. Реванш четвртфиналните натпревари ќе ги одиграат Атлетико Мадрид и Барселона (1:2), односно Бенфика и Баерн (0:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП