15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Први победи за ЦСКА и Фенербахче

Евролига: Први победи за ЦСКА и Фенербахче

memeekkkeke

Кошаркарите на ЦСКА и Фенербахче забележаа победи над Црвена ѕвезда, односно Реал, во првите четвртфинални мечеви, во Евролигата.

ЦСКА ја оправда фаворитската улога против Црвена ѕвезда со триумфот од 84:74. Рускиот шампион во текот на целиот меч имаше предност, најчесто од пет до 12 поени, а белградскиот тим немаше сили дополнително да го притисне противникот.

Теодосиќ и Хајнс беа нерешлива енигма за одбраната на „црвено белиот“ тим, српскиот репрезентативец постигна 23 поени, на кои придодаде по шест скока и асистенции, а Американецот реззлизираше 21 поен. Црвена ѕвезда ја предводеа Јовиќ и Милер со по 14 поени.

Фенербахче против актуелниот шампион славеше со 75:69, во натпревар во кој двата тима имаа многу успони и падови. Фенер имаше 12 поени предност по првиот дел, Реал се врати во третата четвртина која ја доби со 23:12, но во последниот период турскиот тим успеа да стигне до победата.

Перо Антиќ започна во стратната петорка на Фенербахче, одигра речиси 21 минута и постигна шест поени (2/5 за три), а имаше и шест скокови. Богдановиќ и Слукас со по 17 кошеви беа најефикасните кај Фенербахче, додека Реал го предводеше Рејес со 13 поени.

Натпреварите број два од четвртфиналните серии ќе се одиграат в четврток, а домаќини повторно ќе бидат ЦСКА и Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП