3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДимовски исклучен од УО на ФФМ, го убедувал Пандев да не игра...

Димовски исклучен од УО на ФФМ, го убедувал Пандев да не игра за Македонија

fffffffm

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на седницата која ја одржа во вторникот, по барање на претседателот на ФФМ, го разреши од должноста членот на УО, Серафим Димовски.

Илчо Ѓорѓиоски, првиот човек на Федерацијата, побарал Димовски да биде разрешен од функцијата поради неспортско, неетично, и однесување спрoтивно на интересите на репрезентацијата и ФФМ.

Имено, Димовски пред пријателските натпревари кои Македонија ги одигра минатиот месец со Словенија и Бугарија, бил во Џенова и го убедувал Горан Пандев дека не е вистинско време за тој да се врати во националниот тим.

На седницата била прочитана и изјавата на Пандев, која е внесена во записникот, Димовски, заедно со поранешниот селектор на репрезентацијата, Мирсад Јонуз се обидел да го убеди Пандев да не дојде на споменатите контролни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП