4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФед куп: Тенисерките ја совладаа Ерменија

Фед куп: Тенисерките ја совладаа Ерменија

fed-kup

Македонската Фед куп репрезентација, со победа стартуваше на турнирот од Евро-африканската зона, кој се одржува во Улцињ, Црна Гора.

Македонските тенисерки, во првото коло во Б групата, ја совладаа Ерменија со 2:1. Победникот го реши мечот во дубл, во кој Магдалена Стоилковска и Катарина Маринковиќ со 6:2, 6:2 ја совладаа ерменската комбинација Ани Амирагјан и Ани Сафарјан.

Претходно првиот поен на Македонија и го донесе Маринковиќ која со 6:3, 6:0 ја совлада Чобанјан, а резултатот го израмни Амирагјан со триумфот 6:0, 6:2 над Стоилковска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП