15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбраими ја откри причината поради која заработи суспензија

Ибраими ја откри причината поради која заработи суспензија

Nobomet Maribor:Rudar, Agim Ibraimi

Фудбалерот на Марибор и македонската репрезентација, Агим Ибраими, проговори за несогласувањата со спортскиот директор, Златко Заховиќ, поради што во петокот вечерта беше суспендиран од страна на клубот.

Најава за бурниот викенд, кога станува збор за Ираими, биле настаните во петокот, кога на тренингот се појавиле дел од навивачите на клубот. Тие, биле разочарани од резултатите кои ги постигнува клубот и поставиле ултиматум дека до крајот на сезоната Марибор мора да ги освои сите 24 бода.

Според Ибраими, целата ситуација била многу напната, а дури и играчот Амир Дервишевиќ добил шлаканица.

Откако сѐ завршило, Ибраими бил разочаран од однесувањето на спортскиот директор на клубот, Златко Заховиќ, бидејќи очекувал дека тој ќе ги заштити фудбалерите.

„Сметам дека со насилство не можат да се решаваат проблеми. Тоа со убави зборови му го кажав и на Заховиќ“, рекол Ибраими за словенечките медиуми.

Односот помеѓу него и спортскиот директор „пукнал“ вечерта во петокот, кога тимот заминал во карантин.

„Тој ги загуби нервите, бидејќи за разлика од другите играчи јас му се спротивставив. Му кажав дека не треба да навредува, дека не треба да ја споменува мојата мајка со која сум многу поврзан. Сепак и покрај навредите бев подготвен да го „проголтам“ сето тоа. Знам дека на тој начин ќе ги покажев вредностите, но бев подготвен на тоа“, рекол македонскиот репрезентативец, кој потоа го напуштил карантинот.

Но случајот тука не завршува, туку како што пренесува „vecer.si“, Заховиќ продолжил со навредите кон Ибраими.

„Навредите продолжија. Тој го навредуваше моето минато, повторно ја навреди мојата мајка, го навреди мојот народ и мојата вера. Тоа се работи преку кои не можам да преминам“, рекол Ибраими.

Агим Ибраими дресот на Марибор го носи од 2011 година, оваа сезона тој има постигнато десет голови, а неговиот тим се наоѓа на второто место на табелата со два бода помалку од лидерот Олимпија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП