23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите во НЛБ Тутунска банка ќе поделат дивиденда во вредност од 582.469.602...

Акционерите во НЛБ Тутунска банка ќе поделат дивиденда во вредност од 582.469.602 денари

nlb-tutunska-banka133

Годишното собрание на акционери на НЛБ Тутунска банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка за 2015-та година.

„Добивката по оданочување по годишната сметка на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2015-та година во износ од 831.951.172 денари се распоредува како што следи: 582.469.602 денари за исплата на дивиденда и 249.481.570 денари за задржана добивка за инвестициски вложувања“, стои во предлог одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015-та година е 19.05.2016-та година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015-та година е 20.05.2016-та година. Датумот на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2015-та година е 25.05.2016-та година.

Износот на бруто дивидендата по акција е 682 денари.

Исплатата на дивидендата, како што стои во предлог одлуката, ќе почне на 30­от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Тутунска банка.

„Добивката што се распоредува во задржана добивка за инвестициски вложувања служи за развојни цели, односно вложувања во материјали и нематеријални средства за проширување на дејноста и истата не е расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите)“, стои во предлог одлуката на банката.

Годишното собрание на акционери на НЛБ Тутунска банка донесе предлог одлука за промена на називот на банката.

„Се менува називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје во НЛБ Банка АД Скопје. Скратениот назив на НЛБ Банка АД Скопје ќе гласи НЛБ Банка. Оваа одлука влегува во сила по добивање на Согласност од Гувернерот на НБРМ за промена на називот на банката, како и по добивање на согласност од Гувернерот на НБРМ за измени и дополнувања на Статутот на банката“, стои во предлог одлуката.

Надзорниот одбор на НЛБ Тутунска банка на Собранието на акционери на банката му предложи да ја усвои одлуката за усвојување на листата на нето должници на банката.

На листата на нето должници се најдоа 10.238 нето должници, за период од 01.01.2015-та до 31.12.2015-та година.

Нето должник е физичко лице чии просечни годишни обврски кон банката се поголеми од неговите просечни годишни побарувања и вложувања во и од банката или физичко лице кое е претставник или на било кој друг начин е поврзано со правно лице кон кое нето изложеноста на банката е поголема од 1% од сопствените средства на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП