21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз на Вардар, Шкендија на два бода од лидерот

Пораз на Вардар, Шкендија на два бода од лидерот

prva liga

Шкендија ја намали предноста во однос на лидерот Вардар на само два бода, откако Вардар во 26.коло загуби во Кратово, а Шкендија славеше над Ренова.

Силекс славеше над Вардар со 3:2, во дербито на коло и ја врати незивесноста во борбата за шампионската титула. Вардар по овој натпревар има само два бода предност во однос на Шкендија.

Првиот гол на мечот го постигна Пановски во седмата минута, но во 13-та израмни за Вардар Грнчаров. По половина час игра Силекс повторно победе со голот на Недељковиќ. Можност да израмни пропушти Ќеран кој во финишот на првиот дел промаши пенал.

Победата на Силекс ја најави Дурански во 76-та минута, откако две минути претходно Вардар остана со играч помалку. Хабмарџумјан поради два жолти картони беше исклучен. Поразот на Вардар го намали Којашевиќ од пенал во 90-та минута.

Шкендија, во Тетово, славеше над Ренова со 3:1. Ибраими реализираше пенал во третата минута, а Радески го зголеми водството по 32 минути игра. Скендери на десет минути до крајот го налами резултатот, а конечните 3:1 ги постави Асани во 87-та минута.

ПМФЛ, 26.коло:

Силекс-Вардар 3:2

Шкендија-Ренова 3:1

Металург-Младост ЦД 2:0

Работнички-Турново 2:0

Шкупи-Брегалница 2:2

Табела: 1. Вардар 64, 2. Шкендија 62, 3. Силекс 40, 4. Работнички 36 5. Шкупи 35,6. Турново 30, 7.Брегалница 30, 8. Ренова 28, 9. Младост 16, Металург 16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП