4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВарди го носи Лестер кон титулата

Варди го носи Лестер кон титулата

vardi--

Фудбалерите на Лестер веројатно го направија клучниот чекор кон освојување на историската титула, откако во 33. коло, славеа со 2:0 во Сандерленд.

Лестер ја запиша петтата победа во низа, а против Сандерленд блескаше Џејми Варди кој ги постигна двата гола за лидерот во Премиерлигата. Варди првиот гол го постигна во 66-та минута, по асистенцијата на Дринквотер, а триумфот на својот тим го потврди со голот во 93-та минута.

Тимот на Клаудио Раниери на пет кола до крајот на шампионатот има 72 бода, десет повеќе од Тотенхем, кој има и натпрвевар помалку. За потврда на титулата на Лестер му се потребни уште девет бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП