24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПакјао со победа ја заврши кариерата

Пакјао со победа ја заврши кариерата

pakjao

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мани Пакјао, стави крај на кариерата со победа во последната борба. Светскиот шампион во осум различни категории, во Лас Вегас, со едногласна одлука на судиите, го победи Американецот Тим Бредли.

Борбата во Лас Вегас беше прва за Пакјао по поразот од Флојд Мејведер, минатата година. Пакјао заслужено победи, бидејќи во текот на борбата двапати го нокаутираше Бредли.

Пакјао има 37 години, 21 од нив мина како боксер, а против Бредли ја забележа 66-та победа.

„Доколку боксот ми недостига, ќе се вратам“, рекол Пакјао.

По боксерската кариера, Пакјао ќе влезе во политичките води, тој ќе се бори за место во филипинскиот Сенат, на изборите кои ќе се одржат наредниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП