7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку ќе чини новиот HTC One M10?

Колку ќе чини новиот HTC One M10?

deseti33

Речиси се е веќе познато за новиот „HTC One M10“. Од тајванскиот производител сепак продолжуваат со информации за новиот уред.

Последните твитови на компанијата во одреден степен го потврдуваат присуството на стерео-системот „BoomSound“, за кој многу професионалци изразија загриженост дека може и да не присуствува на новиот модел.

Официјалниот „твит“ на „HTC“ гласи – „Here comes the new boom. You’ll hear it“.

Официјалното деби на уредот е закажано за 12-та април, а романска продавница за мобилни уреди ја откри во голема мера и последната тајна поврзана со телефонот – цената. Според „QuickMobile“ цената на уредот за прелиминарните нарачки е 3.300 романски леи, или 739 евра.

Се разбира, корисниците треба да имаат едно на ум – многу е веројатно тоа да не е конечната цена на смартфонот. Повторно на сајтот на романската компанија името на новиот модел е „HTC One 4G LTE M10“.

Во новиот модел е многу можно да видиме 12-мегапикселна задна камера со сензор „Sony IMX377“, како и 5-мегапикселна предна камера од „Samsung“. Во однос на останатите карактеристики, очекувањата се чипот да е „Snapdragon 820“ употребен кај моделите „Samsung Galaxy S7 Edge“ и „iPhone 6S“, четири гигабајти RAM и 5.1-инчен супер „LCD 5“ дисплеј. За оние кои за прв пат слушаат за овој нов дисплеј, тоа е дисплеј кој се разликува од обичниот „LCD“ дисплеј во тоа дека недостасува воздух меѓу стаклото и физичкиот елемент на екранот. Тоа помага за помалку рефлексии и чувство дека тој е поблиску до корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП