19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 09-10.04.2016

Викенд хороскоп 09-10.04.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се уште се двоумите околу некои планови кои ги имате околу реновирање на домот. Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги одложите плановите за следниот викенд.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Овој викенд ќе биде потребно да вложите поголем труд за да го постигнете она што е во вашите планови. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат непријатности на љубовното поле, обидете се да ги надминете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Треба да го искористите вашиот шарм и да се поставите поодговорно кон оние на кои нешто сте им ветиле. Со љубезност можете многу да постигнете, особено ако работите со жени или ако во вашата работа е потребно да покажете емоции и емпатија. Најдете време и за малку одмор.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува викенд исполнет со љубов и разбирање.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов ќе почувствувате нервоза која ќе влијае и на пријателите, и тие ќе почнат да се повлекуваат. Не се навикнати да ве гледаат во такво светло и ќе решат да ве остават на мира за да се соземете. За среќа, таквите состојби кај вас ќе траат кратко и брзо ќе се вратите во нормала. Недостигот на финансии може да ви ги наруши односите со партнерот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Овој викенд бидете внимателни и не решавајте ги проблемите со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе учествувате во неколку кавги кои максимално ќе ви го расипат расположението. Овој викенд можете да очекувате повеќе повици од различни лица. Ќе имате и повик од некој додворувач кој ќе ви предложи нешто поконкретно. Финансиите ви се нестабилни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Здравствената состојба ви е чуствителна ве очекуваат проблеми со крвотокот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендов ќе решавате некои финансиски проблеми или некои професионални дилеми со колегите или семејството. Ќе добиете вести од странство во врска со работата која би требало да ви помогне да заработите поголем профит. Денес избегнувајте ги семејните кавги.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендов може да биде одличен за пресврт во љубовниот живот. Многу лица ќе бидат збунети од вашите постапки,. Лесно ќе ви биде да процените дали некој ги споделува своите вистински чувства со вас. Никој нема да може да ви се сокрие зад маска.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова би можел да биде одличен викенд за оние кои се упорни и амбициозни, практични, и оние кои сакаат по секоја цена да ги истакнат своите квалитети. Ако сте помалади не ги прифаќајте одговорните задачи за кои сеуште не сте подготвени. Ве очекува многу поволна вест од странство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Родените во втората декада се под добро влијание на Меркур кој им носи добри можности за напредување. Оние кои бараат работа може да ја најдат во некоја финансиска или медиумска установа. Ако сте родени на крајот на знакот, можете да очекувате повик од еден Бик или Вага во врска со нешто важно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП