Кошаркарите на Далас славеа над Мемфис 103:93 и со голема веројатност го решија прашањето околу учеството во плејофот. Од друга страна Индијана ќе мора во наредниот меч да ја обезбедат осмата позиција на Истокот.
Далас по триумфот над Мемфис има скор 41-38, односно две победи повеќе од осмопласираната Јута (пораз од ЛА Клиперс 99:102), додека Хјустон е на деветтото место (38-41).
До крајот на регуларниот дел Далас гостува кај Клиперси, Јута и во пследниот меч ќе го пречека Сан Антонио.
Индијана загуби од Торонто 111:98 и ја испушти шансата да го обезбеди осмото место на Истокот. Пејсерси веќе в недела ќе имаат можност да го обезбедат учеството во плејофот кога ќе играат со Бруклин. Индијана има скор 42-37, а зад нив е Чикаго (39-40).
На другите натпревари Шарлот славеше над Бруклин 113:99, Орландо го совлада Мајамо 112:109, Филаделфија загуби од Њујорк 102:109, Детроит победи во Вашингтон 112:99, Њу Орлеанс триумфира над Лејкерси 110:102, а Бостон убедливо победи во дуелот со Милвоки 124:109.