2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакомет: Олимписки квалификации во Хернинг, Гдањск и Малме

Ракомет: Олимписки квалификации во Хернинг, Гдањск и Малме

EHF EURO 2016 - Macedonia vs. Poland

Од петок до недела се играат ракометните квалификации по кои ќе бидат познати и последните шест учесници на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Покрај кавлифкацискиот турнир во Гдањск, на кој учествува Македонија, истовремено се играат уште два турнири во Хернинг (Данска) и Малме (Шведска).

Македонија, Полска, Тунис и Чиле се учесници на турнирот во Гдањск. Според сите прогонози, фаворити за двете места кои носат олимписка виза се Полска и Македонија. Тунирот ќе го отворат Тунис и Чиле, а од 20:30 часот Макеоднија ќе се соочи со Полска.

Во сабота македонските ракометари ќе играат против Тунис, а в недела против Чиле.

Шведска е домаќин на турнирот во Малме, на кој уште учествуваа Шпанија, Словенија и аутсајдерот Иран. Интересно, на ЕП во јануари, Шпанија, Шведска и Словенија во првата фаза беа во иста група. Во оваа група беше и Германија, а пласман во четвртфиналната група не избори Словенија.

Во првото коло ќе играат Словенија-Шпанија и Шведска-Иран, во сабота на програмата се дуелите Шпанија-Иран и Шведска-Словенија, а во последното коло, в недела ќе играат Шведска-Шпанија, Словенија-Иран.

Интересни дуели се очекуваат и на турнирот во дански Хернинг, каде покрај домаќинот учествуваат уште и Хрватска, Норвешка и Бахреин.

Турнирот го отвораат мечевите Бахреин-Норвешка, Данска-Хрватска, в сабота ќе играат Хрватска-Бахреин и Данска-Норвешка, а в недела ќе се одиграат натпреварите Хрватска-Норвешка, Данска-Бахреин.

Олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро ќе се игра од 6. до 21. август. Пласман на ОИ веќе изборија Бразил како домаќин, Франција и Германија како светски односно европски првак, Аргентина како освојувач на Панамериканските игри и Катар како шампион на Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП