2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа една недела, 325.000 резервации за Model 3! (видео)

За една недела, 325.000 резервации за Model 3! (видео)

ma 3

„Tesla Motors“ соопшти дека во првите седум дена, откако започнаа со нарачки за новиот електричен автомобили, биле запишани 325.000 резервации, а секој од потенцијалните купувачи во просек има уплатено по 1.000 долари депозит.

Од компанијата објаснуваат, доколку сите кои го имаат резервирано „Model 3“ и на крајот го купат возилотo (иако не се обврзани тоа да го сторат, а ако се откажат депозитот ќе им биде вратен), ќе заработат околу 14 милијарди долари.

Според нивните зборови, ако се смета низ призмата на потенцијалните приходи од продажбата, тоа ќе биде најуспешниот пазарен почеток на некој производ. Од „Tesla Motors“ истакнуваат и дека ваквиот голем број на нарачки во толку краток временски период пристигнаа и покрај тоа што компанијата не вложи средства во класично рекламирање на новиот модел.

Извршниот директор Илон Маск го изненадило и тоа што многумина од потенцијалните купувачи трпеливо со часови (па и денови) чекале во редиците за да бидат меѓу првите кои ќе остават депозит, и така да стекнат право што побрзо да го добијат својот автомобил кога кон крајот на 2017-та ќе започне сериското производство. За овие, најверни купувачи, компанијата подготви и специјални подароци кои ќе бидат изненадување, а кои ќе им пристигнат на домашна адреса.

„Model 3“ беше претставен на 31-ви март, како трет и досега најевтин автомобил на „Teslа“. Засега е познато дека основната верзија ќе може да мине и од 350 km пред да ја потроши батеријата, додека oд 0 дo 100 km/h автомобилот ќе пристигнува за помалку од 6 секунди.

Почетната цена во САД (без пресметаното намалување поради државните субвенции) ќе изнесува 35.000 долари. Поради големиот интересе од страна на купувачите, „Tesla Motors“ најави дека планираат проширување на производните капацитети.

Во план е изградба на фабрика во Европа, но се уште не е позната земјата која ќе биде дом на новиот производен погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП