17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКаде ќе оди Маск - во Хрватска или во Франција?

Каде ќе оди Маск – во Хрватска или во Франција?

tesla fakototo

Со оглед дека лансирањето на третиот модел во гамата на „Tesla Motors“ значително ќе го зголеми годишното производство на електричните автомобили, постоечката фабрика во Фримонт нема да може да ја задоволи побарувачката. Поради тоа првиот човек на компанијата, Илон Маск, веќе најави изградба на нова фабрика во Европа.

Во Хрватска владеачката партија ХДЗ реагираше со понуда до Маск тој да дојде во оваа земја, но изгледа основачот на „Tesla Motors“ има во план сосема друга локација.

teslic 88

Поради тоа што претходно ја најави можноста дека новата фабрика би можела да биде изградена во Франција, министерката за енергетика, Сеголен Ројал, пружи поддршка на таа идеа. Како што пишува „Ројтерс“, Ројал неодамна и предложила на „Tesla Motors“ зa свој погон да ги искористи објектите од нуклеарната централа Фасенхајм, која би требало да престане со работа до крајот на 2016-та.

Француската министерка веќе ја претстави својата идеа пред Маск и планира да се сретне со претставниците на американскиот производител на електрични автомобли до крајот на април. Се уште е нејасно дали во „Tesla Motors“ сериозно се разгледува оваа опција, но Маск претходно изјави дека областа каде што се наоѓа нуклеарната централа е идеална локација за фабрика со оглед на тоа дека се наоѓа на границата меѓу Франција и Германија.

teslic 89

Француската држава е голем поборник за употреба на електрични автомобили и ја поттикнува набавката на возила на струја со субвенции во вредност и до 10.000 евра. Воедно, оваа земја и најголемиот производител на електромобили во Европа.

Најуспешната компанија во производство на автомобили со електричен погон во Европа е „Renault“ која во текот на 2015-та на купувачите им испорача 23.086 електрични автомобили, или 49 посто повеќе отколку во 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП