18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка АД Скопје го менува името во НЛБ Банка АД...

НЛБ Тутунска банка АД Скопје го менува името во НЛБ Банка АД Скопје?

nlb

НЛБ Тутунска банка АД Скопје официјално на својот веб-портал го најави Годишното собрание на акционерите кое ќе се одржи на 10.05.2016 година, со почеток во 11 часот во просториите на банката.

Во соопштението објавено на страната на НЛБ Тутунска банка покрај другите предлози има и Предлог-Одлука за измена на називот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Неофицијално е дека новото име на банката ќе биде “НЛБ Банка АД Скопје”.

Промената на називот се прави по налог од матичната НЛБ Словенија која ги ребрендира сите членки на НЛБ Групацијата.

 

 

За банката:

НЛБ Тутунска банка АД Скопје е основана во 1985 година како интерна банка на тутунската индустрија во Македонија. На 27 мај 1993 година Банката се трансформира во акционерско друштво и е регистрирана како универзална комерцијална банка. Во 2000 година Тутунска банка АД Скопје склучи стратешко партнерство со НЛБ д.д. Денес, НЛБ Тутунска банка е трета најголема банка во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП