7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Севилја и Шахтјор се доближија до полуфиналето

ЛЕ: Севилја и Шахтјор се доближија до полуфиналето

лелелле

Севилја и Шахтјор славеа како гости, Виљареал славеше на домашен терен, додека Борусија и Ливерпул ремизираа во првите четвртфинални натпревари во Лига Европа.

Јирген Клоп имаше величенствен пречек во Дортмунд, а задоволството од гостувањето кај својот поранешен тим го надополни со одличниот резултат. Борусија и Ливерпул одиграа 1:1, а според шансите „црвените“ беа поблиску до победата.

Клоп тактички го надигра колегата Тухел, а неговиот тим стигна до водство преку Ориги во 36.минута. Конечниот резултат на стартот од второто полувреме го постави Хумелс.

Бранителот на титулата Севилја со пресврт славеше во Билабао. Ветеранот Адурис постигна гол за Атлетик во 48.минута, израмни Колоџеџак во 56-та, а пресвртот го комплетираше Ибора на седум минути до крајот.

Идентична победа како Севилја забележа и Шахтјор. Головите за украинскиот тим во Брага ги постигнаа Ракитски и Фереира, а конечните 1:2 ги постави Едуардо во претпоследната минута.

Виљареал со предност од 2:1 ќе патува на реваншот во Прага. Двата гола за „жолтата подморница“ ги постигна Букамбу во третата и 63.минута, а голот за Спарта го постигна Брабец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП